За Нас

Софтверска платформа Ана-Ли 

Проект Ана-Ли

Софтверската платформа Ана-Ли е иновативна, напредна и најсовремена веб-платформа за дигитализација на клучните бизнис процеси и унапредување на целокупното работење на компаниите од областа на градежништвото.

Иновативноста се состои во менаџирање на целокупниот процес на изведба, интеграција на градежните нормативи и стандарди и со постоечките BIM (Building Infor- mation models) стандарди и софтвери како што се Revit, Archicad, Tekla и слични, за проектирање и дизајн на градежни објекти и
минимализирање на разликите помеѓу проектот и изведениот објект.

Софтверската платформа за дигитализација на производниот процес во градежништво e придружена со целокупната документација, која останува во базата на податоци и може да се користи за дополнителни анализи за
тековниот проект, но и како архивски податоци за идни проекти.

ЗАШТЕДА НА ВРЕМЕ
ЗАШТЕДА НА СРЕДСТВА

За само неколку минути, добијте детален план за изградба на градежниот проект.