Софтверска платформа Ана-Ли
Софтверската платформа Ана-Ли се стекна со NSN код во НАТО во 2023
година под името CCMCP (Cost Calculation and Management Construction
Projects) во сорaботка со компанијата Еликософт, членка на NSPA (NATO
Support and Procurement Agency). Под истото име во тек е и постапка пред Европската патентна организација (European Patent Organisation (EPO)).
Софтверската платформа Ана-Ли е иновативна, напредна и најсовремена веб-платформа за дигитализација на клучните бизнис процеси и унапредување на целокупното работење на компаниите од областа на градежништвото.
Иновативноста се состои во менаџирање на целокупниот процес на изведба, интеграција на градежните нормативи и стандарди и со постоечките BIM (Building Infor- mation models) стандарди и софтвери како што се Revit, Archicad, Tekla и слични, за проектирање и дизајн на градежни објекти и минимализирање на разликите помеѓу проектот и изведениот објект.
Софтверската платформа за дигитализација на производниот процес во
градежништво e придружена со целокупната документација, која останува во базата на податоци и може да се користи за дополнителни анализи за тековниот проект, но и како архивски податоци за идни проекти.
Оваа платформа е алатка со која добивате постојани, навремени информации за случувањата во производството во реално време. Секоја внесена информација, секој податок, секое барање или секој прикачен документ веднаш се достапни до инволвираните чинители во градежниот процес во реално време.
Со неа се добива автоматска подготовка на податоци за мрежен план и гантограм со почитување на реален календар при пресметка на работни, викенд и празнични денови.
Сите потребни пресметки, споредби на планирано со реализирано, статистички и други показатели веднаш по внес на податоци автоматски се извршуваат и се достапни до инволвираните чинители во градежниот процес во реално време.
Во градежната индустрија, дигиталноста веќе не е само избор, туку стана неопходност.
Функционални делови на софтверската платформа:
Вчитување на позиции на проектот и детални податоци од IFC фајлови
Контрола на предмер преку детални податоци од IFC фајлови, пресметка на време за градба, пресметка на износи, понуди, тендери итн.
Изработка на динамички планови и поврзување со реален календар (мрежен план и гантограм)
Електронска комуникација помеѓу учесниците во процесот и движење на комплетната документација
Градежен дневник, градежна книга и времени ситуации за подизведувачи и инвеститори
Контрола на потрошени материјали (споредба на пресметани трошоци од калкулациите и стварно однесени количини на материјали според материјалното работење
За само неколку минути, добијте детален план за изградба на градежниот проект.
софтверска платформа Ана-Ли
поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој.
Биди прв кој ќе биде известен за сите новости и акции